Фондација

Фондација

  • Автор: Исак Асимов
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-4892-06-9
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страни: 271
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 380,00ден
380,00ден

Ремек-дело на научната фантастика, серијалотФондација на Исак Асимов е ненадминат споредуникатната комбинација на непрекината акција, смелиидеи и екстензивно градење на светот. Приказната занашата иднина почнува со историјата на Фондацијата инејзиниот најголем психоисторичар, Хари Селдон.

Цели дванаесет илјади години Галактичката Империјабила неприкосновен владател. Таа сега умира. Само Хари Селдон, творец на револуционерната наукапсихоисторија, може да ја види иднината – мраченпериод на незнаење, варварство и војни што ќе траетриесет илјади години. За да го зачува знаењето и да госпаси човештвото, Хари Селдон ги собира најблескавитеумови на Империјата и ги носи на пуста планета некадена крајот на Галаксијата, за да станат факелна надежта за идните генерации. Ова засолниште гонарекува Фондација.

Но не поминува многу време пред младата Фондацијада се најде оставена на милост и немилост накорумпираните господари на војната кои се засилуваатво миговите на згаснување на моќта на Империјата.Последната шанса на човештвото е соочувањето сотешкиот избор – да им се потчини на варварите и даживее во ропство, или да се бори за својата слободаризикувајќи да биде целосно уништено.

Напишете ваш коментар