Филозофија на виното

Филозофија на виното

  • Автор: Бела Хамваш
  • Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
  • ИСБН: 978-608-4525-13-4
  • Година на издавање: 2010
  • Број на страни: 85
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: MK
Цена: 230,00ден

230,00ден

Во последните денови на војната, на почетокот на 1945 година, Хамваш ќе изгуби сè: бомба ќе го разнесе неговиот дом, библиотеката, ракописите и скиците за неговите следни дела. Во една таква атмосфера, Хамваш ја пишува неговата Филозофија на виното која не претставува очајување над урнатините, туку славење на животот.

Филозофија на виното е апологија на ретките, возвишени моменти на животот, спокојот, играта и ведрината. Тоа е свет на дионисиско, медитеранско опивање; чистата, светкава ведрина на Орфеј; полубудна медитација во пчеларникот во едно августовско попладне, под оревот, пред визбата на камената маса: некои од ретките моменти на Хамвашовата „идила“.

Или, Филозофија на виното го подготвува човекот за славење на Присуството.

Напишете ваш коментар