Фаренхајт 451

Фаренхајт 451

  • Автор: Реј Бредбери
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-489-2
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 182
  • Димензии: 120/200
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 280,00ден
280,00ден

Романот интиутопија Фаренхајт 451 е слика на едно тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите огноотпорни домови, никогаш не разговараат за она што го мислат и чувствуваат и уживаат само во материјалните работи. Тие се обземени од своите интерактивни телевизори-ѕидови кои им го окупираат целото внимание и не им оставаат време за размислување. Универзитетите се затворени или се претворени во школи за атомско инженерство. Книгите се прогласени за непотребни, строго се забранети и подлежат на горење.

Но една мала опозиционерска група на луѓе-книги сакаат да го спасат духовното богатство на човештвото и секој од нив знае наизуст понекоја книга, за да им ја пренесе на идните поколенија. Кон нив се приклучува и Монтег, преобратениот пожарникар, кој ќе стане сведок на уништувањето на навидум сигурното и „идеално“ општество...

Напишете ваш коментар