Есеи 2

Есеи 2

  • Автор: Митко Маџунков
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-599-8
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 492
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 450,00ден
450,00ден

Идентитетот, името, јазикот, не случајно се стожерни точки во аманетот на Блаже Конески, како и во зборовите на Кирил Водочки упатени кон неговите деца.
(„Аманети и тестаменти“, 1993 година)

 

Кај писателите што се воздигнале до едно високо естетско рамниште во своето творештво,  секогаш нè пречекува една трајна, неменлива и неминлива константа. Што, имено, да прочитаме од она што тие го создале: нивните раскази, драми или романи, сите го потврдуваат тоа исто високо естетско рамниште.Таков е и случајот со Митко Маџунков. Тој создаде многу раскази, ретки и исклучителни по својата уметничка убавина; напиша повеќе оригинални драми исполнети со необични идеи, со длабок дух и хумор и ги создаде некои од нашите најдобри романи. Неговите книжевни записи, монографски огледи и книжевно-критички есеи за литературата ни откриваат автор со висока култура, со широка енциклопедиска образованост и со повеќекратни дарбини за длабока рефлексивност во различните форми на духот: во уметноста, филозофијата, науката. Во нив се остварени резултати што се на самиот врв во овој жанр од нашата литература и култура.
Георги Старделов

Напишете ваш коментар