Есеи 1

Есеи 1

  • Автор: Митко Маџунков
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-588-2
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 196
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 250,00ден
250,00ден

Оваа книга содржи две базични монографски студии посветени на двајца генијални мајстори на раскажувањето, Антон Павлович Чехов и Марко Цепенков. Во случајот на Чехов тајната на светот, тајната на постоењето, тајната на т.н. мал човек и мал свет откриена е како тајна на најголемиот човек и на најголемиот свет токму во тајната на раскажувањето. Со тоа Маџунков сака да рече дека тајната на светот се крие во тајната на неговото раскажување, но и обратно.

Во случајот на Марко Цепенков, во студијата „Штркот единак и неговото јато“, презентирана е истата идеја и истата теза формулирана во лапидарните зборови на Маџунков што трајно, на наша голема гордост, ќе останат запаметени – дека прилепскиот терзија, пишувајќи го „Силјан Штркот“, ја напишал најубавата народна приказна во светската литература.

Георги Старделов

Напишете ваш коментар