Ќерката на Сиена

Ќерката на Сиена

  • Автор: Марина Фиорато
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082301327
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 321
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 450,00ден

450,00ден

УШТЕ ЕДЕН ВОЗБУДЛИВ РОМАН НА АВТОРКАТА НА РОМАНОТ „ДУВАЧОТ НА СТАКЛО ОД МУРАНО“

Дејството се случува во Италија, во XVIII век, време на интриги и судири, кога врв на општествените збиднувања е контроверзната коњска трка „Палио“, која се одржува во срцето на Тоскана. Додека случувањата во Сиена, градот со неспоредлива убавина, се вжештуваат, ведриот дух на настаните и свеченостите го помрачува смртоносното ривалство меѓу градските дистрикти. Секој дистрикт, симболично претставен со различни животни, си одбира свој јавач кој ќе се бори за победничкиот трофеј.Натпреварот ги претвора дистриктите во антагонистички племиња, а граѓаните во бескомпромисни ѕверови. Една млада жена се вљубува во јавачот од противничкиот дистрикт – туѓинец кој се заканува да ја наруши кревката рамнотежа меѓу моќниците што владеат со земјата. Дали нивната љубов ќе успее да ја надмине омразата и борбата за превласт или ќе ги натера да се соочат со ужасните последици од предавството на сопствениот табор?

Напишете ваш коментар