Електрошок

Електрошок

  • Автор: Лоран Гарние
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9989153701
  • Година на издавање: 2006
  • Број на страни: 267
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 200,00ден
200,00ден
Нешто силно го потресе светот. Раѓањето на една нова култура-културата на електронската музика. По flower power револуцијата, единствениот земјотрес кој ги зафати сите сегменти на живеењето, донесувјќи нови правила, нови искуства, еден цел, нов свет. Библија на електронската музика, во 12 поглавја. Кога се појави во книжарниците, во октомври 2003 година, делото со потписот на веќе легендарниот мајстор на електронската музика, што беше најавувано со месеци, медиумите кои го најавуваа со месеци, додадоа само уште: †Ете, освен што без него веќе не може ни да се замисли секоја вистинска цедетека, Гарние отсега можете да го најдете и во секоја книжарница достојна за тоа име!“ Напишана со извонредната поддршка на вештото новинарско перо на Давид Брин-Ламбер, ова единствено дебитантско дело со насловот тешко дека ќе ги збуни и најнеупатените: Електрошок ја раскажува историјата на електронската музика - од раѓањето, преку пробивањето до наметнувањето и планетарниот бум. „Возбудлив есеј за сите оние „зошто“ и „како“ на ерата на електрониката, од нејзината најпуристичка андерграунд-димензија, до целосната демократизација...“ пишуваше MCM. Искрен, трогателен, возбудлив, сугестивен, а спрема амблематичноста на сопствениот лик речиси рамнодушен, во делото, кое никако не е само автобиографија, Лоран Гарние се враќа на петнаесетте години од својата кариера, во заднината - или во жариштето? - на генезата на рејв-движењето. Совршено документирана и восхитувачки лесно читлива приказна која, меѓу другото, настојува да го разгради вечниот амалгам техно=екстази. И мала потсетна инјекција за оние кои го пропуштиле возот на почетокот на деведесеттите години... Како верен одраз на општеството, Електрошок е феномен меѓу чии актери има страсни вљубеници, поклоници, манијаци, гении и опортунисти. Страница по страница, музичко-новинарското перо нè нурнува во хедонизмот на осумдесеттите години, во неговите политички преврати (падот на Ѕидот), во полициската репресија во изминатата деценија, во мафијашките превирања и, пред сè, во треската која секој викенд тера илјадници млади да се упатат надвор од градот, во потрага по единствено, исклучително, неповторливо искуство... Сè е во насловот - Електрошок. Зашто електронската музика навистина добро ја разниша дискографската индустрија и засекогаш го обележа животот на многубројни триесетгодишници... Автентична, нефризирана лектира, посебна без накитеност, и носталгична, без патетика, автобиографија во облик на сведување на сметките чиј автор/протагонист упорно продолжува да работи, и покрај проблемите со 'рбетот и оштетениот слух... Сфативте, скелетот на овој музичко-историско, терапевтски роман е токму таа енергија, тоа безусловно самодавање, таа тотална имерзија. Несомнено, ова е дело на вљубеник кое не може барем малку да не го скокотне вљубеникот што дреме во вас, па дури и со пет нозе да стоите цврсто на земја. Маестрално дело, неодминливо за сите оние кои сè уште веруваат дека страста може да биде водителка на животот. И топло препорачливо за оние што не веруваат во тоа. И тоа е тоа, голема експлозија на интимна илуминација - препушти ѝ се затоа што и така не можеш, ниту сакаш да избегаш од неа... Копродукциско издание на ТРИ и промотерската куќа Баланс.

Напишете ваш коментар