Двојката од соседството

Двојката од соседството

  • Автор: Шари Лапена
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-537-0
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 270
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 400,00ден
400,00ден

Книга која веднаш стана бестселер на Њујорк тајмс

Ен и Марко Конти навидум имаат сè – љубов, убав дом и прекрасно бебе. Но една ноќ, додека се на вечера кај првите соседи, се случува ужасно злосторство. Сомнежот веднаш паѓа врз нив, родителите. Меѓутоа вистината не е толку едноставна. Внатре, зад спуштените завеси на куќата, полека се отплеткува потресната приказна за она што се случило. Детективот Резбак знае дека испаничената двојка нешто крие. И Ен и Марко набргу сфаќаат дека и двајцата имаат тајни што со години ги криеле еден од друг... Морничаво разоткривање на едно семејство. Напната приказна за измама, дволичност и неверство што ве остава без здив сè до конечниот шокантен пресврт.

„Пресвртот се случува толку брзо колку што брзо ги вртите страниците“ – Пипл

„Го прочитав романот во еден здив, aпсолутно фасцинирана од приказната. Неизвесноста е жестока и одлично предадена!“ – Сју Графтон, автор на Икс, бестселер на Њујорк тајмс

Напишете ваш коментар