Дрско црвен кармин

Дрско црвен кармин

Цена: 250,00ден
250,00ден

Tрепетот пак надоаѓа, уште посилно, многу жестоко.- Изгледа, умно момче си ти, - ја подава раката да го помилува, па нагло ја повлекува, како в оган да ја турнала. - И многу убаво.- И вие сте убава госпоѓа, - ја гледа дрско, право во зениците. Опасно дрско. Искричаво. - Поубава сте дури и од вашиот автомобил, - фрла восхитен поглед кон „бентли“ олдтајмерот. - Никогаш не сум видел таква госпоѓа како вас и таков автомобил, - воздивнува - толку стари, а млади.Се вцрвува. Не момчакот. Госпоѓата Мерџори ја облева руменило сè до коренот на косата врзана со модра марама. Мерџори е ВЉУБЕНАТА во љубовта. (Дрско црвен кармин)Шехерeзада е СТРАСНАТА семејна готвачка. (Шехерезада од кујната) Имрул е КУТРИОТ ОСАМЕНИК. (Имрул од плажата)Мајките се НЕСФАТЕНИТЕ, децата се ЛЕСНОУМНИТЕ. (Мајки и деца)Сликарот е САКАНИОТ кој се „разминува“ со саканата. (Заминувањето на сликарот) И оние што даваат, и оние што примаат, се БЛАГОДАРНИТЕ за заедничкиот подарок. (Ништо лично) Сопружниците моторџии се ВОСХИТЕНИТЕ од новиот живот. (Дива радост) Четворицата пријатели се ОПИЕНИТЕ од нивната средба. (Казабланка пријателство)

Дрско црвен кармин од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005) и Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008).

Напишете ваш коментар