Домот на Александар

Домот на Александар

  • Автор: Митко Маџунков
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-306-2
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 152
  • Димензии: 120/200
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 240,00ден
Цена со попуст: 192,00ден
Заштедувате: 48,00ден

Редовна цена: 240,00ден

Цена со попуст: 192,00ден

Клучната сцена во романот се одвива додека најголемиот светски филозоф, Аристотел, и најголемиот освојувач на светот, Александар, водат дијалог пливајќи по Прасијадското (Дојранското) Езеро. Аристотел го застапува гледиштето дека ропството е нужност за устрем на човекот кон освојување на нови предели на духот. Александар му се спротивставува на Аристотел со својот став дека кога утре ќе ги победи Хелените, сите нивни робови ќе ги ослободи. Аристотел му вели на Александар да запамети дека ако ги признае другите ќе се ослабне себеси, зашто не е можно од истото количество сила што постои на светот на другите да им дадеш, а твојата сопствена да не се смали. Александар е уверен дека со сила можат да се освојат сите земји, но со сила не може да се создаде светско царство, зашто во светското царство владее светскиот дух и тоа не може да се воспостави без другите народи. Тој сака хеленскиот и македонскиот народ да живеат како браќа. Затоа вели дека, кога ќе го освои сиот свет и кога ќе го воспостави светското царство, ќе ги избрише сите разлики меѓу луѓето. Тогаш на светот ќе завладее големата хармонија меѓу народите. Македонија, според Александар, е предодредена да биде мост меѓу стариот и новиот свет, но притоа заборавил да додаде (погледнато од перспективата на новата ера) дека, кога ќе се согласиш да бидеш мост, со самото тоа се согласуваш да те газат.
Георги Старделов

Секој сон, секоја идеја што Митко Маџунков ја развива во овој роман, особено односот меѓу учителот Аристотел и ученикот Александар, кој го надраснува учителот и на неговото учење му дава инаков дух, е од исклучителна важност за сфаќањето на овој писател.
Предраг Палавестра

 

Напишете ваш коментар