Доктор Проктор и големата кражба на злато

Доктор Проктор и големата кражба на злато

  • Автор: Ју Несбе
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-4892-35-9
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 250
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 350,00ден
Цена со попуст: 260,00ден
Заштедувате: 90,00ден

Редовна цена: 350,00ден

Цена со попуст: 260,00ден

Кога озлогласените браќа Кранч ќе ја ограбат државната резерва на злато, а за неколку дена доаѓа инспекција од Светската банка, норвешкиот крал мора да донесе брза одлука – кој може да ја спаси земјата од сиромаштија и од голем срам? Единствените достојни за таа тешка и одговорна задача се доктор Проктор, Буле и Лисе, кои веќе го имаат спасено светот и од други катастрофи. И така, славната тројка заминува за Лондон. Таму ги среќава специјалните агенти на Скотланд јард и од нив добива тајни инструкции.

Буле се инфилтрира во бандата Кранч и успева да дознае дека златото е во рацете на рускиот милијардер Рублов, кој сака од него да го направи трофејот за Фудбалскиот куп. По неуспешниот обид за провала во сефот, тие мора да им се приклучат на најлошите фудбалери на светот и да им помогнат да го освојат Купот. Па малку со помош на лукав план, малку со волшебната чизма и ракавица, а на крај и со прдонаутскиот прав на доктор Проктор – аутсајдерите на Ротенхем имаат шанса да го освојат трофејот, првпат во своето стогодишно постоење!

Победничка комбинација од хумор и авантура што веднаш ќе ве освои!

Напишете ваш коментар