Добра земја

Добра земја

  • Автор: Перл Бак
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-475-5
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 349
  • Димензии: 135/200
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 380,00ден
380,00ден

Дејството на Добра земја, најуспешниот роман на Перл Бак, се случува во  рурална, во најголем дел предреволуцио- нерна Кина, и сите нејзини ликови се Кинези. Дотогаш британските и американските читатели гледале на Кинезите како на комични ликови или застрашувачки суштества од опиумските дувла; од нив никогаш не било побарано да се заинтересираат за неволите и страдањата на кинеските селани. И навистина, еден британски издавач одбил да ја издаде книгата со образложение дека од читателите од англиското говорно подрачје не може да се очекува да читаат книги за Кина.

Набрзо по објавувањето, романот бил преведен на над 30 јазици, вклучувајќи седум дијалекти на кинескиот, а се појавиле и толку многу пиратски изданија што вкупниот број продадени примероци никогаш нема да се дознае.


„Јасно е дека романот Добра земја мора да биде за­паметен и почитуван како голем роман на светската депре­си­ја“, напишал Карл ван Дорен, убедливо најпочитуваниот литературен критичар на своето време. „Тоа е универзална при­казна раскажана со музиката на еден животен стил што ја прави универзално дело.“

Во 1932 година Перл Бак за  овој роман ја доби Пулицеровата награда за белетристика.

 

Напишете ваш коментар