Девојката со тетоважа на змеј

Девојката со тетоважа на змеј

  • Автор: Стиг Ларсон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577423
  • Година на издавање: 2010
  • Број на страни: 505
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 500,00ден
Цена со попуст: 400,00ден
Заштедувате: 100,00ден

Редовна цена: 500,00ден

Цена со попуст: 400,00ден

Како и секоја година, и овој први ноември на поранешниот индустриски магнат Хенрик Вангер за роденден му пристигна необичен подарок - уште еден потсетник на таинствената случка од минатото, што претставува неподносливо време за старецот. Затоа сака да се обиде уште еднаш, пред смртта, да ја разреши мистеријата што го измачува со децении...Микаел Блумквист е еден од водечките шведски економски новинари и косопственик на магазинот Милениум. Познат е како бескомпромисен борец за расветлување на економските малверзации, со беспрекорна кариера и извонредна репутација. Кога ќе го осудат за клевета на еден бизнисмен, ќе се најде на животна и деловна пресвртница. Токму тогаш ја добива неочекуваната понуда од Хенрик Вангер... Бледа и со анорексичен изглед, истетовирана, со речиси избричена глава, со пирс на носот и на веѓата - Лизбет Саландер е најдобриот истражувач во една престижна стокхолмска фирма за обезбедување. Патиштата на познатиот новинар и на оваа мистериозна девојка се вкрстуваат, и не само што ќе се соочат со мистеријата од минатото туку и со аномалиите на современиот општествен поредок, што доведува до изразување на најлошите човечки особини.

Најголемиот шведски феномен од времето на групата АББА. Пипл

Замислете си ги филмовите на Ингмар Бергман вкрстени со романот Кога јагнињата ќе стивнат на Томас Херис. Ју-ес-еј тудеј

Напишете ваш коментар