Девојката со портокали

Девојката со портокали

  • Автор: Јустејн Гордер
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577775
  • Година на издавање: 2010
  • Број на страни: 172
  • Димензии: 125x195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 199,00ден

199,00ден

Роман за Георг, петнаесетгодишно момче чиј живот наполно се сменува откако добива писмо од татко си, кој умрел кога момчето имало четири години. Возбудливото и забавно писмо за мистериозната девојка со портокали, што го читаме заедно со Георг, всушност е прекрасна и трогателна љубовна приказна. Преку прашањата што таткото му ги поставува на синот, Гордер и во оваа книга се занимава со вечните прашања за настанокот на светот и на човекот, за тајните на универзумот.

Девојката со портокали е своевидна ода на животот, приказна за потрагата по вистинска љубов и за храброста во животот да се избираат потешките патишта за постигнување на целите.

И во овој роман, како и во претходните, Гордер покажува дека е мајстор на оригинална композиција. Неговото знаење и неговата вештина за пишување ги инспирираат читателите ширум светот да размислуваат за себе и за светот околу нас.

Напишете ваш коментар