Девојката што си играше со оган

Девојката што си играше со оган

  • Автор: Стиг Ларсон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577652
  • Година на издавање: 2010
  • Број на страни: 580
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 500,00ден
Цена со попуст: 400,00ден
Заштедувате: 100,00ден

Редовна цена: 500,00ден

Цена со попуст: 400,00ден

Во вториот дел од трилогијата Милениум, Лизбет Саландер и Микаел Блумквист повторно се наоѓаат во центарот на една  напната и возбудлива приказна. Сè започнува со убиството на младиот новинар на магазинот Милениум и неговата девојка, непосредно пред објавувањето на нивната голема репортажа за трговија со луѓе. На оружјето со кое е извршено убиството се пронајдени отпечатоците на Лизбет Саландер. Имајќи ги предвид нејзиното минато и дебелото досие од психијатриска клиника, полицијата објавува потера по неа. А од Саландер нема ни трага ни глас... Микаел Блумквист е запрепастен кога дознава дека Лизбет Саландер е осомничена за убиството на неговиот пријател. Свесен колку знае да биде жестока кога е во опасност, сака да ја најде пред да падне во туѓи раце. Во обид да ја состави сложувалката за убиството на своите пријатели, одговорниот уредник на Милениум се впушта во уште една опасна потрага. Низ соочувањето со бездушни криминалци, но и со оние што учествуваат во злосторствата од високи државни позиции, Микаел Блумквист доаѓа до нови, запрепастувачки сознанија, со што минатото на Лизбет добива сосема поинаква димензија. Мистеријата полека се расветлува... Стиг Ларсон успеал во речиси невозможното: да напише продолжение што ќе биде понапнато и покомплексно и од првиот дел и повторно на фасцинантен начин да ги открие скриените страни на општеството.

Напишете ваш коментар