Дете 44

Дете 44

  • Автор: Том Роб Смит
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4741-00-8
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 439
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: MK
Цена: 440,00ден
440,00ден

Кога стравот го замолчува целиот народ, еден човек мора да ја каже вистината.

Во Советскиот Сојуз на Сталин не постои такво нешто како злосторство. А милиони луѓе сепак живеат во страв. Најмал сомнеж за нелојалност или погрешен збор кажан во погрешно време може да осуди невина личност на смрт. Лео Демидов, воен херој со прекрасна сопруга и идеалист, живее во луксуз во Москва и верува дека помага во создавањето на совршено општество. Негова единствена цел е да ѝ служи на Државата. Во тоа име апси, испрашува и убива. Меѓутоа, по погубувањето на еден невин човек, Лео почнува да се сомнева, а набрзо добива наредба под исто сомнение да спроведе истрага и за својата сопруга, Раиса. Тој е принуден да донесе одлука на чија страна е. Дали е подготвен за доброто на Државата да се откаже од својата преубава жена и да ја обвини? Дали неговата сопруга која изгледа така кротко и наивно навистина е жената која тој мисли дека е? Одлуката не е лесна, бидејќи и покрај тоа што многумина би можеле да го сметаат за животно, тој вистински ја сака Раиса.

Тогаш се случува невозможното. Во земјата во која „не постои злосторство“ се појавува сериски убиец на деца кој остава крвава, перверзна трага низ целата држава. Но како да се фати ова чудовиште во држава која воопшто не сака да признае дека такво нешто е можно? Лео почнува своја истрага, а како завршува истата веројатно не би можеле да погодат ни најголемите љубители на трилери...

Ви препорачуваме да го прочитате ова маестрално дело пред филмската премиера подоцна годинава!

Напишете ваш коментар