Црвено око

Црвено око

  • Автор: Јонас Хасен Кемири
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-4569-37-4
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 205
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 320,00ден
Цена со попуст: 140,00ден
Заштедувате: 180,00ден

Редовна цена: 320,00ден

Цена со попуст: 140,00ден

Петнаесетгодишниот Халим, дете на марокански родители родено во Стокхолм, секојдневно води дневник кој претставува жива слика на неговата конфузија пред светот во потрага по сопственото место во него. И како да не му е доволно прекршувањето меѓу шведскиот и арапскиот менталитет, го погодуваат и пубертетски маки, проблеми во училиштето и вљубувањето. Пловејќи низ животот и трудејќи се да не се удави во болните спомени за мајка си, Халим се справува со сето тоа како што знае и умее. Си зацртува две цели: да ја освои Марит и да ги сочува своите корени, да се спротивстави на „пошведувањето“ и интеграцијата во општеството кое не го доживува како свој културен простор. Но претставата што овој тинејџер роден во Шведска ја има за арапскиот свет е, всушност, стереотипна и западњачка претстава за Ориентот.

Но набрзо ќе ја проѕре суровоста на светот и апатијата на својот татко, кој се откажал од Борбата. И кога ќе сфати како моќта на Алах е поврзана со судбината и зошто интелектуалците личат на куци камили, Халим кове план: да стане најмоќен револуционерен црноглавец во Шведска и мислечки султан кој ги открива кодовите и ги освојува најубавите женски...

Напишете ваш коментар