Црниот Принц

Црниот Принц

  • Автор: Ајрис Мердок
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-120-4
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 429
  • Димензии: 140X210
  • Корица: мека
  • Јазик: MK
Цена: 450,00ден
Цена со попуст: 320,00ден
Заштедувате: 130,00ден

Редовна цена: 450,00ден

Цена со попуст: 320,00ден

Најуспешниот роман на Ајрис Мердок, Црниот принц, е приказна за љубовта и опсесијата, еден вид софистициран трилер во кој се преплетуваат тензијата на дејството и специфичниот книжевен стил. Главниот лик, Бредли Пирсон, е стар, неуспешен писател, кој се обидува да го напише своето прво ремек-дело, но одеднаш е втурнат во низа хаотични и нејасни настани кои кулминираат со насилство и убиство. Романот е преплетен со голем број есеистички фрагменти за уметноста и за филозофијата, но и со една љубовна приказна, која на крајот завршува шокантно. Честопати споредуван со врвни книжевни дела, како Хамлет од Шекспир или Лолита од Набоков, Црниот принц претставува вистинско ремек-дело на современата литература, во кое се третираат големите теми на љубовта, пријателството, уметноста, насилството и смртта, а се чита во еден здив. „Црниот принц е уникатен роман кој може да се дефинира како филозофски трилер, преполн со „тешки“ и сериозни теми, но исто така исполнет и со хумор и хуманост.“ Тајмс

Напишете ваш коментар