Интернетското продажно место kniga.mk е сопственост на Издавачки центар ТРИ ДООЕЛ.

Издавачкиот центар ТРИ Ви нуди можност за пристап до сите информации објавени на сајтот.

На сајтот, како и во нашата книжарница, како регистриран посетител можете детално да ја погледнете понудата и да оставате коментари, без обврска за купување.

Забранета е секаква злоупотреба на содржината што не е во согласност со условите за користење.


Користење на сајтот
kniga.mk


Во моментот кога сте на страницата kniga.mk обврзани сте да ги почитувате законите и прописите. Содржината на сајтот не смее да се модифицира, дистрибуира, репродуцира, продава и копира.

Забрането е објавување на материјали со кои се врши клевета, на навредливи, лажни, заканувачки, вулгарни, порнографски материјали, или на материјали кои на кој било начин поттикнуваат на кривично или противзаконско дело. Издавачкиот центар ТРИ го задржува правото ваквите материјали да ги отстрани од сајтот без претходно да го предупреди корисникот.

Забрането е лажно претставување и објавување неточни податоци поврзани со сајтот.

Забрането е користење на сајтот за пропагандни цели.

Забрането е користење на сајтот за какво било препродавање на производи.

Забрането е поставување вируси и сите видови компјутерски кодови, датотеки и програми кои на каков било начин можат да го оштетат сајтот или да ја преземат контролата над истиот.

Нашата интернет-страница можете да ја користите информативно, како и за купување на објавените производи.

Сајтот kniga.mk е продажно место со работно време од 24 часа, секој ден. Вонредно, продажното место може да биде недостапно заради техничко одржување или непредвидливи околности кои се надвор од контролата на Издавачкиот центар ТРИ.