При купувањето во книжарница ТРИ, за кој било износ стекнувате право да станете член на нашиот клуб на читатели. Попустот што го добивате како член на клубот на читатели  е 10% на сите артикли*.  Попуст немаат само артиклите што моментно се на акција, како и артиклите со хуманитарен карактер. Процесот на зачленување е  едноставен, нема никакви пополнувања на формулари, непотребни задржувања и чекање за да ја добиете картичката.

Сè се завршува за една минута.

Вработените во нашата книжарница ќе ви понудат зачленување, а вие треба само да оставите  неколку основни податоци (име и презиме, имеил, мобилен телефон, датум на раѓање). Картичката ќе ви се врачи веднаш. На картичката има само членски број, а во нашиот систем вашите податоци се поврзани со тој број.

Картичката станува активна веднаш по подигнувањето и следниот пат кога ќе купувате доволно е пред плаќањето само да им ја покажете картичката на нашите продавачи.

Исто така, код за 10% попуст може да добиете при регистрирање на нашата интернет-книжарница.

Ви посакуваме пријатно купување!

 

*Попустот важи за сите изданија на ТРИ и за останатите издавачи кои се согласни со нашите услови.