Чудна средба

Чудна средба

  • Автор: Митко Маџунков
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-303-1
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 114
  • Димензии: 120/200
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 250,00ден
250,00ден

Речиси сите раскази на Митко Маџунков во книгата Чудна средба се на прилично високо книжевно ниво, пишувани со бирана и негувана фраза и со јасен, непретенциозен, разбирлив стил. Без какви било непотребни украси, изнасиленост, извештаченост и псевдопоетски конструкции, неговата реченица звучи зрело и испробано, што не е ниту малку безначаен податок кога се зборува за првата книга на еден млад писател.
Предраг Палавестра

Прозата на Митко Маџунков целосно е надвор од оној тек во кој работат повеќето помлади белградски раскажувачи... Расказите во Чудна средба се чинат како тајни пораки од самиот вруток на едно маѓепсано, но и уметничко доживување.
Љубиша Јеремиќ

Расказите од Чудна средба почнуваат најчесто со многу детали, со уводни реченици чии средства на опишување, по својата исцрпност и прецизност, се дури блиски до една реалистичка школа. Но почетната опширност е само една стапица што ја готви оваа проза... По првите подолги описи во уводот, писателот почнува да брза, да ја скратува фабулата со низа скокови, да го намалува бројот на деталите на минимум. Текот на раскажувањето станува сè погуст и позбиен, секвенциите сè пократки; на крајот е последната ситуација – кратка и блескотна небаре осветлена од молња... Тоа е една фантастика што не сака да биде контролирана.
Влада Урошевиќ

 

Напишете ваш коментар