Човекот од креда

Човекот од креда

  • Автор: К. Џ. Тjудор
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-661-2
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страни: 285
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 420,00ден
Цена со попуст: 336,00ден
Заштедувате: 84,00ден

Редовна цена: 420,00ден

Цена со попуст: 336,00ден

Во 1986 г., во своето задремано англиско селце, Еди и неговите другари го минуваат безгрижно летниот распуст пекајќи по некаква авантура. Таа доаѓа во ликот на новиот наставник – висок и необично бел човек когошто го нарекуваат Човекот од креда. Од него ги добиваат првите креди во боја и идејата да си оставаат нацртани пораки разбирливи само за нив. Сè додека еден ден мистериозно појавеното човече од креда не ги одведе кон едно распарчено човечко тело запретано под лисјата во шумата...

Во 2016 г. Еди е веќе возрасен човек и наставник во своето некогашно училиште. Монотоното секојдневје му го нарушува неочекуваното пристигнување на едно писмо – човече нацртано со креда. Излегува дека истото писмо го добиле и неговите другари од детството. Кога еден од нив ќе биде најден мртов во реката, ќе сфатат дека не се работи само за лоша шега. За да се спаси од кошмарот, Еди мора да сфати што точно се случило пред 30 години...

„Имав заборавено што значи непроспиена ноќ затоа што не можеш да се разделиш од некоја книга. Благодарение на Човекот од креда, повторно се потсетив на тоа чувство.“ Фиона Бартон, Њујорк тајмс

„Сакате да прочитате нешто добро?... Ако ги сакате моите дела, ова сигурно ќе ви се допадне.“ Стивен Кинг

Напишете ваш коментар