Чест

Чест

  • Автор: Елиф Шафак
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-231-7
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 377
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: MK
Цена: 450,00ден

450,00ден

Две сестри близначки се раѓаат во едно традиционално курдско село, во кое најголемиот чеиз на жената се нејзината чистота и покорност. Животот ги носи по различни патишта – Џамила останува бабица во родниот крај, а Пембе „по грешка“ се мажи за да го види светот. Нејзините деца го бараат своето место под лондонското сонце: седумгодишниот Јунус се здружува со панкерите сквотери, бунтовната Есма се бори против родовата нееднаквост, а најстариот Искендер станува глава на семејството откако татко им ги напушта. Заробено во стегите на минатото и традицијата, целото семејство е неповратно урнисано поради едно морничаво злосторство – убиство од чест.
Возбудлива драма исткаена од бремето на минатото и безвремените морални дилеми. Низ богатата палета од ликови, Шафак ги истражува судирот меѓу традицијата и современоста, другоста во западното општество, како и човековото право на слобода и љубов.

 „Мајсторски исткаен роман... со шекспировски заплети и пресврти, кобни знаци и енигми, пророштва и судбини“. Индипендент

 „Шафак е храбра писателка... Ова е моќен роман... што провокативно ги разоткрива најмрачните аспекти на верата и љубовта“. Телеграф

Елиф Шафак- Најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена

Нема доволно зборови и место за да се каже сè што може за оваа современа турска авторка. За нејзината големина и важност најдобро зборуваат нејзините дела. Преведени на повеќе од 40 светски јазици, македонската публика ја има честа да ја држи в рака третата нејзина книга на македонски. Силни женски ликови, црн хумор, космополитизам и мултикултурализам, преплетување на Истокот и Западот, се само некои од карактеристиките на нејзиното писмо. 

 

Напишете ваш коментар