Чекор по жица

Чекор по жица

  • Автор: Вања Изова Велева
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-4569-66-4
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 73
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 199,00ден
199,00ден

Песните на Вања Изова Велева секогаш одново нè сепнуваат и нè тераат да се преиспитаме дали го живееме најдоброто од себе. Чекор по жица е стамена книга-водилка што нè поттикнува да оставиме своја трага во времето и просторот, за да нè има и тогаш кога физички повеќе нема да бидеме присутни на овој свет. Збогатена со сликите на современите ликовни уметници Митко Тошев и Љупка Галазка Василева, оваа книга е и редок обид да се претстави една иста мисла преку две лица на уметноста, поезијата и сликарството.

Чекор по жица е деветта стихозбирка на современата македонска поетеса Вања Изова Велева, која со секоја нова книга нè потсетува на подзаборавените вистини, на изгубената човечност, на нашата отуѓеност и немањето време за Другиот. Велева е толку прецизна и одмерена во користењето на своите главни алатки – зборовите – што читателот има чувство дека секој збор, секој израз има точно одредена позиција во стихот и дека неговото поместување, одземање или додавање на нов би значело нарушување на целата песна. Кај неа не нè освојуваат само необичните наслови, неочекуваните пресврти, метафори и поетски слики што распукуваат пред нас со својата полнокрвност и со чувството на „веќе видено“ – во некој претходен живот, во некој недосонет, кошмарен сон. Кај неа плени самиот јазик, кој е толку секојдневен а толку искрено знае да проговори за болките што сите нè морат, за радостите што сите ги посакуваме, а сè почесто ни бегаат...

 

Напишете ваш коментар