Резултати од пребарување за 'за'

Категории 11 до 20 од 440 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Листа Мрежа

Поставете растечки редослед.
  1. Божиќна мистерија

    Божиќна мистерија

    Јустејн Гордер
    Едно момче наоѓа избледено, рачно изработено божиќно календарче во една книжарница. Од него паѓа превиткан лист на кој е напишан првиот дел од необичната приказна за малото девојче што патува назад во времето до Витлеем и раѓањето на Христос. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден

    Распродадена

  2. Радосница „Добре дојде мило“

    Радосница „Добре дојде мило“

    Катерина Николовска
    Со оригинални илустрации, со живи и впечатливи бои – радосницата ќе биде чувар на спомените од ова бесценето и возбудливо поглавје на кое секогаш со задоволство ќе му се навраќате. Прочитај повеќе...
    Цена: 490,00ден
    Нарачај
  3. Посета на бандата

    Посета на бандата

    Џенифер Иган
    Посета на бандата е книга за воздејството на времето и музиката, книга за опстанокот, за превирањата и преобразбите поттикнати и од најблагите пресеци на нашите судбини. Користејќи зачудувачки венец од стилови и тонови, што се протегаат од трагедија до сатира, па дури и до „Пауер поинт“, Иган успева да ги долови спротивното длабоко струење на самоуништувањето, кое сите ние мораме или да го совладаме или да му се предадеме; вродениот глад на човек за искупување; како и сеопштиот нагон да се посегне по двете – и да се избега од безмилосниот тек на времето, во безвремените царства на уметноста и музиката. Прочитај повеќе...
    Цена: 380,00ден
    Нарачај
  4. Француски роман

    Француски роман

    Фредерик Бегбеде
    Ова е приказна за еден голем брат, кој стори сè за да не личи на своите родители, и за еден помал брат, кој стори сè за да не личи на својот постар брат. Ова е приказна за едно момче кое е меланхолично зашто пораснало во земја што се самоубила, кое е одгледано од родители што биле депримирани поради неуспехот на својот брак. Прочитај повеќе...
    Цена: 350,00ден
    Нарачај
  5. Некогаш сигурно сум одела по мека трева

    Некогаш сигурно сум одела по мека трева

    Каролина Шути
    Со јасен и поетичен, неполитички стил, Шути зборува за судбината на раселените луѓе. Потрагата по идентитет, како што сугерира и самиот наслов на романот, го одредува животот на раскажувачот во останатиот дел од приказната. Иако романот зборува за минатото на Маја преку посветеноста на нејзините баби и белоруското потекло, неговата основна тема содржи современа и универзална димензија која може да се примени во безброј региони во светот. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  6. Галебот Џонатан Ливингстон

    Галебот Џонатан Ливингстон

    Ричард Бах
    Ова е приказна за луѓето кои ги следат своите срца и создаваат сопствени правила... луѓето кои сакаат да направат нешто добро и за другите, не само за себе... луѓето кои знаат дека животот е многу повеќе од она што го гледаме: тие ќе го следат Џонатан, летајќи повисоко и побрзо отколку што сонувале. Прочитај повеќе...
    Цена: 199,00ден
    Нарачај
  7. Белешките на Лајла Грејс

    Белешките на Лајла Грејс

    Марија Јаневска
    „Настаните не се вистински. Односно тие се вистински во секој можен поглед, но јас им го сменив крајот, или дури и самиот почеток. Беше премногу болен или можеби и премногу едноставен за раскажување. Ликовите можеби во вистинскиот живот не заслужија вака да завршат, некои можеби завршија, а другите се можеби само моја илузија. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  8. Животот е лесен, не грижи се

    Животот е лесен, не грижи се

    Ањес Мартен-Лиган
    Во продолжението на бестселерот Среќните луѓе читаат и пијат кафе Дијан се соочува со нови предизвици за кои се чини дека не е подготвена Прочитај повеќе...
    Цена: 320,00ден
    Нарачај
  9. Укинат театар

    Укинат театар

    Булат Окуџава
    Апсолутниот поетски слух на Булат Окуџава го открива и го воспева зачудувачкиот свет на арбатските дворови, остану­вајќи притоа доследен на вистинските етички принципи. Интегрирајќи ги во една целина прозата и поезијата, творецот и творештвото, личноста и зборот, Укинат театар нема да ос­тави рамнодушен ниту еден читател. Прочитај повеќе...
    Цена: 280,00ден
    Нарачај
  10. Огледи за љубовта

    Огледи за љубовта

    Алан де Ботон
    Духовито, забавно и софистицирано, Огледи за љубовта е задолжително четиво и за среќно вљубените, и за разочараните, и за оние што трагаат по љубов. Прочитај повеќе...
    Цена: 320,00ден

    Распродадена

Категории 11 до 20 од 440 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Листа Мрежа

Поставете растечки редослед.