Резултати од пребарување за 'дневникот на еден волшебник'

Категории 1 до 10 од 83 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Листа Мрежа

Поставете опаѓачки редослед.
  1. На крајот од денот

    На крајот од денот

    Казуо Ишигуро
    На крајот од денот е маестрален психолошки портрет на еден совршен англиски батлер од златната доба која бледнее на прагот на повоена Англија. Напишан на префинет стил од перото на Казуо Ишигуро, ова е трогателен и моќен роман за вистинските вредности и за суштината на човековата среќа. Прочитај повеќе...
    Цена: 380,00ден
    Нарачај
  2. Архипелагот Гулаг (том 2)

    Архипелагот Гулаг (том 2)

    Александар Солженицин
    Архипелагот Гулаг не е митско место, не е измислена земја. Тој е систем од затвори, логори, кампови и работнички колонии во кои милиони луѓе ги загубија своите животи. Измислен е само терминот, зашто беше одраз на еден нов феномен – прогонство и уништување на сите кои со збор или постапка се пројавувале против постојниот модел на владеење. Прочитај повеќе...
    Цена: 600,00ден
    Нарачај
  3. Тунел

    Тунел

    Ернесто Сабато

    Романот Тунел е еден од најкарактеристичните романи од хиспано културата на ХХ век. Преку 39 кратки поглавја, Сабато ни ја раскажува љубовната приказна меѓу Марија и Хуан Пабло и злосторството поттикнато од една огромна страст, од човечката немоќ за комуникација

    Прочитај повеќе...
    Цена: 199,00ден
    Нарачај
  4. Почни со зошто

    Почни со зошто

    Сајмон Синек
    Сајмон Синек е еден од најбараните автори и говорници на светот. Неговиот настап на видеоплатформата Тед е вториот најгледан на сите времиња, со над 36 милиони прегледи, а Почни со зошто како глобален бестселер ги освои светските топ-листи. Причината за тоа е што откритијата на Синек имаат неверојатно влијание врз успехот на која било организација. Прочитај повеќе...
    Цена: 400,00ден
    Нарачај
  5. Одење по јаже

    Одење по јаже

    Лижија Божунга
    Возбудливиот роман Одење по јаже нè води на една живописна авантура по таинствените патеки на детско-младешката мечта. Како вистинска маѓосничка, со своето волшебно перо Лижија Божунга го распостила пред нас платното на еден циркус исткаено од изненадувања, чинки и неочекувани пресврти. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  6. Скелиг

    Скелиг

    Дејвид Алмонд
    Скелиг е една од најпопуларните книги за млади објавени во последната деценија. Замислен како модерна бајка, во неа се мешаат фантастичното и реалното, соништата и желбите, стравот и надежта – и создаваат прекрасна метафора за волшебниот свет на детството, која се чита во еден здив. Прочитај повеќе...
    Цена: 280,00ден
    Нарачај
  7. Трите ќерки на Ева

    Трите ќерки на Ева

    Елиф Шафак
    На пат кон една луксузна палата на вечера со истанбулската елита, на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати, но и да си го спаси животот, на земја ѝ паѓа една фотографија – три студентки со својот професор ‒ реликвија од минатото, но и непребол што очајно се обидува да го заборави. Прочитај повеќе...
    Цена: 500,00ден
    Нарачај
  8. Издржи, кралице

    Издржи, кралице

    Весна Кираџиева и Александар Кираџиев
    Ова е книга за успесите и падовите на еден брат и една сестра, во свет во кој трчањето е помалку од ништо, но за нив е повеќе од сѐ. Книга за атлетиката каква што досега не сте сретнале – од најдобрите македонски репрезентативци, шампиони и рекордери на долги патеки. Прочитај повеќе...
    Цена: 390,00ден
    Нарачај
  9. Приказна за новото презиме

    Приказна за новото презиме

    Елена Феранте
    Со својот жесток набој и истанчен усет за нијанси и детали, Феранте мајсторски ја ткае приказната испреплетувајќи ги живите сеќавања на Елена и интимните записи на Лила. Овој колаж од две судбини е моќно сведоштво за суровоста на женското созревање во еден машки свет. Прочитај повеќе...
    Цена: 600,00ден
    Нарачај
  10. Дневникот на едно неверство

    Дневникот на едно неверство

    Емилиос Солому
    оргос Дукарелис, археолог и професор на Универзитетот во Атина, дваесет години по археолошките ископувања што го прославиле и засекогаш му го смениле личниот и професионалниот живот, повторно доаѓа на островот Куфониси, на Малите Киклади. Прочитај повеќе...
    Цена: 300,00ден
    Нарачај

Категории 1 до 10 од 83 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Листа Мрежа

Поставете опаѓачки редослед.