Нож

Нож

  • Автор: Ју Несбе
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082307336
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: /
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 500,00ден
Цена со попуст: 450,00ден
Заштедувате: 50,00ден

Редовна цена: 500,00ден

Цена со попуст: 450,00ден

Пред својот педесетти роденден, Хари Хуле живее како во најлошите времиња. Рахела, единствената жена која ја сакал, го исфрла од дома. Ја губи работата на Полициската академија и се враќа во Одделението за крвни деликти, но работи на стари, неважни случаи. Згора на сѐ, серискиот силувач и убиец Свејн Фине излегува од затвор и се заканува дека ќе му се одмазди на тој што го пратил таму и кој во меѓувреме го убил син му.

Во своето алкохолно бунило, Хари очекува остварување на својот најголем кошмар – кобен напад на неговото семејство. И кога едно утро целиот во крв се буди од морничавиот мамурлак, сфаќа дека кошмарот станал реалност.

Нож е можеби најдобриот роман од исклучителниот серијал на Ју Несбе. Моралните дилеми ќе ве потсетат на Достоевски, пресвртите ќе ве остават без здив, некои дијалози ќе ве насмеат, а напнатоста не попушта ни за миг. Нож е една од ретките големи книги за кои никој не би помислил дека требало да бидат скратени макар за една страница.

Волстрит џорнал

Дали некој умее да создава позлокобни злосторници од Ју Несбе?... Не, не можам да се сетам на друг од чии приказни ме полазуваат толку морници.

Њујорк тајмс ривју

Напишете ваш коментар