Сакам, значи постојам

Сакам, значи постојам

  • Автор: Ана Јовковска
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-676-6
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страни: 281
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 380,00ден
Цена со попуст: 299,00ден
Заштедувате: 81,00ден

Редовна цена: 380,00ден

Цена со попуст: 299,00ден

САКАМ во себе содржи цел еден друг свет на МОЖАМ! Тоа e оној внатрешен импулс на проактивност за подобрата ЈАС, подобар живот, подобар свет.

Се движам по тркалото на животот... Застанувам само пред сопките на љубовта, болката, слободата, емпатијата, родителството, дискриминацијата, егото и интегритетот. Сепак... се движам бунтовно и храбро кон неправдата во светот, сиромаштијата на духот, човековите судбини и човековите права, женската слобода, консумеризмот, технолошкото ропство, културата на шопинг-центри, проституцијата на уметноста, но и проституцијата на духот. И така, качена на велосипедот на животот, го барам ѕвончето со кое ќе свирнам за ПРОМЕНА! Некогаш тивко, некогаш гласно, но секогаш со верба дека овој комплициран свет може да се спаси со добрина и љубов.

По трнливиот пат на мудроста, не знам дали успеав да ги „фатам“ состојбите на невралгичните премрежја на нашето време и на нашите души, но се обидов. Она што ми беше неочекувано во целиот процес е што сфатив дека да се биде набљудувач на најчовечкото во себе е уште потешко отколку да се биде набљудувач на времето и светот.

САКАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ е духовно патување од и кон себеси. Качи се на тркалото на животот!

 

Напишете ваш коментар