Бунете се

Бунете се

  • Автор: Стефан Хесел
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300207
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 36
  • Димензии: 112Х180
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 50,00ден
Цена со попуст: 30,00ден
Заштедувате: 20,00ден

Редовна цена: 50,00ден

Цена со попуст: 30,00ден

Kаква среќа што можеме да се нахраниме од искуството на овој голем  припадник на Отпорот, кој успеал да се спаси од логорите Бухенвалд и Дора, коредактор на Универзалната декларација за човекови права од 1948 година, почестен со функцијата амбасадор на Франција и носител на медалот Командир на Легијата на честа! БУНЕТЕ СЕ! може да се нарече и есеј, манифест, брошура, апел, па дури и памфлет, зашто по обем тоа е мало, но по квалитет големо дело. Се појавува во еден момент (есента минатата година) во Франција која како и целиот свет,  поминува низ три кризи: финансиска, економска и еколошка. Стефан Хесел се потсетува на својата младост, на борбата против фашизмот, на повоените години во Париз, на Програмата за обнова на Франција по Втората светска војна, на изготвувањето на Универзалната декларација за човекови права во 1948 година. И својата борба за напредок, за рамноправност, за демократија, за човекови права и правна држава им ја претставува и им ја предлага на младите генерации: тие да ја преземат штафетата на прогресот и притоа да мислат на сите категории на луѓе во едно модерно општество. Потсетувајќи на моменталната состојба во Франција и во светот авторот предлага луѓето да не молчат, да се бунат, да го искажуваат својот гнев, својот бес, револт, своето незадоволство, својата повреденост, сомничавост, својата лутина, да пркосат, да даваат отпор на сè она што им пречи во општеството во кое живеат. За него основен мотив за реакција се неправдите на капиталистичкото општество, огромниот расчекор меѓу богатите и сиромашните, несигурноста, формалната демократија, безработицата, сиромаштијата, корупцијата, бедата и сите други појави во овој неправеден свет. За Стефан Хесел „основниот“ мотив за Отпорот била лутината. „Сигурно е дека причините за лутина во денешниот комплексен свет можат да изгледаат многу помалку јасни отколку во времето на нацизмот. Но, ‘барајте и ќе најдете‛: зголемувањето на разликата меѓу најбогатите и најсиромашните, состојбата со планетава, односот кон лицата без документи, имигрантите, Ромите, трката за ‘уште и уште повеќе‛, натпреварот, диктатурата на финансиските пазари, дури и придобивките од Отпорот продадени по ниска цена, како што се: пензиите, социјалното осигурување… За да се биде ефикасен треба како и порано да се дејствува во мрежа: ATTAC, Амнести, Меѓународната федерација за човекови права… се доказ за тоа.

Напишете ваш коментар