Бруклински будалаштини

Бруклински будалаштини

  • Автор: Пол Остер
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9989187285
  • Година на издавање: 2007
  • Број на страни: 250
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 450,00ден
Цена со попуст: 360,00ден
Заштедувате: 90,00ден

Редовна цена: 450,00ден

Цена со попуст: 360,00ден

Сè што умее Остер како раскажувач, и поради што стекна светска слава, се наоѓа и во ова дело. Свежината ја внесуваат околностите во коишто настанува делото, време кое писателот го остава зад себе, но и влијанието на новите генерации, кои - според вкусот на писателот - го распарчуваат животот со жестина којашто тој не ја заслужува. Сепак, ова е првото дело на Пол Остер во кое атмосферата со нихилистички поглед кон светот и песимизмот се ставени во втор план. Сè додека не ја завртите последната страница.Како што судбината си поигрува со неговите неодоливи карактери, Остер, како магионичар, ја воспева природата, музицира за неверојатните љубовни врски и смешните разговори, и размислува за толку екстремни искуства како што се животот во порнографијата и бракот со тирански верски фанатик... Ова продолжување на неговиот сè пообемен циклус на љубовни песни за Бруклин е неговото најприземјено, најсензуално и општествено најсвесно дело досега. - Бооклист Изобилува со настани како што изобилува и со ликови... Иако Бруклински будалаштини го споделува универзумот на случајни средби со останатите дела на Остер, дружељубивиот, отворен глас на Нејтан Глас го прави овој роман особено задоволство. Верувањето во среќа е можеби усте една од бруклинските будалаштини, но пријатните приказни на Нејтан се ефикасен мотор за јоие де вивре. Наместо да умре, нараторот оживува цела екипа весели Бруклинци.- Атланта Јоурнал-Цонститутион

Напишете ваш коментар