Бизнис стилот на Ричард Бренсон

Бизнис стилот на Ричард Бренсон

  • Автор: Дес Диарлов
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 9786084569046
  • Година на издавање: 2010
  • Број на страни: 176
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 400,00ден

400,00ден

Во модерниот свет на бизнисот Ричард Бренсон стои сам. Во време во кое доминираат стратези, тој е опортунист со жесток талент за откривање големи бизниси каде што другите се плашат да настапат. Никогаш порано ниту еден бренд не бил толку успешно развиен преку толку широк дијапазон на стоки и услуги. Бренсон е апсолутен градител на брендови.Како го постигна тоа? Што е она во што верува Ричард Бренсон и што направија тој и неговата компанија Вирџин за да бидат за класа подобри од другите? Бизнис-стилот на Ричард Бренсон не ги открива само тајните на извонредниот успех на Бренсон, туку од нив ги извлекува и универзалните лекции и стратегии што можат да се применат во кој и да е бизнис или професија, од одбирање на високи цели до движење побрзо и од куршум, од правење забава од работата до задржување на контакт со обичните луѓе.Во вашите раце ги имате тајните на еден феноменален успех.

Што е она во што верува Ричард Брансон и што направија тој и неговата компанија Вирџин за да бидат за класа подобри од другите?
Одберете за цел некој поголем од вас
Направете хипи, навистина хипи-потрес
Ценкање: За сè може да се преговара
Направете ја работата забавна
Правете ги вистинските работи со својот бренд
Насмевнувајте се пред камерите
Немојте да водите стадо овци, туку чувајте мачки
Побрзо од брзината на куршум
Големината е сепак важна
Никогаш немојте да ја загубите врската со обичните луѓе

Бизнис-стилот на Ричард Брансон е бестселер што открива кој е навистина човекот што знае што им треба на луѓето, и зошто над триесет години, низ триумфи и турбуленции, успешно опстојува на врвот на една бизнис-империја. Ова издание вклучува нови коментари за потфатите како Вирџин треинс, Вирџин кола, Вирџин актив и, за она што, без сомнение, е најамбициозната и најавантуристичката идеја на Брансон досега, Вирџин галактик; замислена да биде првиот патнички сервис во светот за пат во суборбитата.

Напишете ваш коментар