Билките на баба Рада

Билките на баба Рада

  • Автор: Рада Бошковска
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-244-7
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 216
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 250,00ден

250,00ден

Прирачникот што нестрпливо го очекувавте најпосле е во вашите раце. Сега имате можност до бесконечност да ги истражувате билките и нивната лековита моќ.На страниците на овој прирачник ќе откриете многу корисни информации за билките што се наоѓаат во нашето опкружување, како и над 250 внимателно избрани рецепти, чија ефикасност во подобрувањето на голем број здравствени состојби е проверена и докажана од позитивните народни искуства.

Со помош на овој прирачник ќе можете сами да ги препознавате, берете, одгледувате и употребувате лековитите билки, а за да се исклучи каква било грешка во употребата на приложените рецепти, пред употребата задолжително посоветувајте се со вашиот лекар. Така овој прирачник ќе ја исполни својатамисија – да ви биде само од помош во зачувување на вашето здравје и благосостојба. Уживајте во миговите поминати со него, како што уживавте во дружењата со телевизиското издание на „Билките на баба Рада“. 

 

Коментари од корисниците:

Коментар од Елена:
Кога да очекуваме второ издание на Билките на баба Рада? (Објавен на 11.7.14)
Коментар од Цветанка:
Koga povtorno ke ja imate vo prodazba ovaa kniga? (Објавен на 07.7.14)
Коментар од VLASTIMIR DIMITRIESKI:
Bi bilo odlicno do kolku ste vo moznost da izdadete katalog na site bilki vo Makedonija so slika i ime . (Објавен на 05.7.14)

Напишете ваш коментар