JavaScript seems to be disabled in your browser. You must have JavaScript enabled in your browser to utilize the functionality of this website.
Добредојдовте!
Неверојатен, мрачен, комичен роман за една богата вдовица и нејзиниот син кои бегаат во Париз по финансискиот распад што го доживуваат во Њујорк
Франсес Прајс, вдовица, посесивна мајка и познат лик меѓу богатите во Апер Ист Сајд, се наоѓа во незавидна положба – таа и нејзиниот возрасен син, Малком, се пред банкрот. Принуден да ја дели нивната судбина е и стариот мачор, Малиот Френк, во чие тело Франсес верува дека живее духот на нејзиниот покоен сопруг, озлогласениот и неморален адвокат Френклин Прајс.Франсес и Малком одлучуваат да се преселат во Париз, оставајќи ги сиромаштијата и отпадништвото зад себе. Но наместо да најдат оддишка, таму уште повеќе доаѓаат до израз нивните самоуништувачки нагони. Група невообичаени ликови служат да ја истакнат пораката на книгата – срамежливиот приватен детектив, јасновитката без животна цел, семејниот лекар и продавачот на вино. Без поздрав е невообичаена „трагедија на манири“, која изобилува со елементи на пародија. Само Патрик Девит успева толку мајсторски да го исмее високиот сталеж и трогателниот однос меѓу мајката и синот.
„Модерна приказна, сатира за една безгрижна вдовица која трага по совршеното себежртвување... Додека ја читаме книгата, веселиот и опуштен надреализам на Девит прави да ја доживееме како жизнерадосна луда приказна, исто како и нејзините ликови.“ Њујоркер
Мисла на денот
Топ 5
Во какви книги најмногу уживате?