Бело-црвен свет

Бело-црвен свет

  • Автор: Дорота Масловска
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-245-6
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 213
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: MK
Цена: 320,00ден
Цена со попуст: 240,00ден
Заштедувате: 80,00ден

Редовна цена: 320,00ден

Цена со попуст: 240,00ден

„Бело-црвен свет“ е возбудлив и луцидно напишан роман, набиен со многу енергија и црн хумор, кој ја открива мрачната слика на посткомунистичка Полска во која младите без образование и работа талкаат низ работничките гратчиња на Балтикот, каде единствени случувања се сексот, дрогата и конфликтите со Русите. Главниот јунак, Анджеј „Силниот“ Робаковски, е пандан на Селинџеровиот јунак од „Ловец во ’ржта“. Кога ќе го остави девојката во која е вљубен, тој го бара спасот од очајот во дрогата и сексот. Под превезот на класичната љубовна приказна се крие жесток бунт против општеството заробено меѓу Истокот и Западот, во кое капитализмот ги обезличува луѓето и ги претвора човечките врски во стока за широка потрошувачка.

Романот-првенец на Дорота Масловска е силен портрет на љубовта, безнадежноста и политичката реалност на Источна Европа. Веднаш по објавувањето стекна култен статус во Полска и ја смести Масловска меѓу највлијателните литературни гласови на европската културна сцена. 

Брз и мошне збиен, роман што изобилува со бои, крајно несекојдневен... Веднаш се забележуваат сличности со Кафка, Гомбрович и Гедис. Ноје цирихер цајтунг 

Напишете ваш коментар