Беатриче и Вергилиј

Беатриче и Вергилиј

  • Автор: Јан Мартел
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300801
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 169
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 350,00ден
Цена со попуст: 160,00ден
Заштедувате: 190,00ден

Редовна цена: 350,00ден

Цена со попуст: 160,00ден

Како и во својот прв роман, Животот на Пи, кој стана светски бестселер, канадскиот писател Јан Мартел во својот нов роман, Беатриче и Вергилиј, ја употребува алегоријата како книжевна техника и им го „позајмува“ гласот на животните, кои стануваат главни ликови во неговите приказни.
Во Беатриче и Вергилиј, Мартел зборува за една од наjголемите трауми во дваесеттиот век преку една метафорична, интимна и едноставно раскажана приказна. Романот започнува кога еден млад писател, чија биографија неверојатно потсетува на биографијата на самиот Мартел, почнува да добива мистериозни писма кои содржат раскази и драми напишани од непознат писател, а кои раскажуваат приказна за две животни: мајмунот Вергилиј и магарето Беатриче. Како што тече романот, читателот полека насетува што се крие зад алегориите и метафорите, за да стигне на крајот до шокантните последни страници...

„Беатриче и Вергилиј ја поседува онаа едноставна книжевна убавина и мистериозност како и Животот на Пи. И повторно зборува за тешки теми и важни прашања на еден непретенциозен, но суштински начин.“ Њујорк тајмс

Напишете ваш коментар