-
Убиј го зборливото куче
Митко МаџунковКористејќи се со фолклорот и со искуствата на некои од големите руски писатели, Маџунков, со силата на својот талент даде неколку извонредни раскази, како што се, на пример: „Во автобусот“, „Неволите на Павле“, „Има ли можност да останеме живи“, „Смртта на Јонски“, „Игранка“, „Лихнидски очи“. Прочитај повеќе...Цена: 300,00ден Цена со попуст: 140,00денНарачај -
Птиците од ланските гнезда
Митко МаџунковРоманот на Маџунков е монументално книжевно остварување, кое опфаќа случувања од само еден единствен ден (недела), распоредени во 19 одделни поглавја, во кои среќаваме галерија впечатливи, машки и женски ликови, сместени во уметничкиот време-простор на еден, пластично насликан балкански град – Белград. Прочитај повеќе...Цена: 500,00ден Цена со попуст: 250,00денНарачај -
Кула на ридот
Митко МаџунковСо овој роман Маџунков суверено ја брани репутацијата што веќе ја стекна во книжевната јавност. Тој владее со јазикот и нарацијата, приврзаник е на префинета стилис- тика, прецизна дескрипција и култивирана, на моменти орнаментално брилијантна синтакса. Тоа е писател од култура во најширокото значење на зборот. Прочитај повеќе...Цена: 500,00денНарачај -
Времето на ирвасите
Митко МаџунковВремето на ирвасите е свртница во македонската проза, како што впрочем беше и Кула на Ридот. Тоа е дело со кое се поставуваат европски стандарди на македонската проза. Дело кое користејќи ги постмодерните искуства, во исто време ги преиспитува. Прочитај повеќе...Цена: 500,00денНарачај -
Домот на Александар
Митко МаџунковСекој сон, секоја идеја што Митко Маџунков ја развива во овој роман, особено односот меѓу учителот Аристотел и ученикот Александар, кој го надраснува учителот и на неговото учење му дава инаков дух, е од исклучителна важност за сфаќањето на овој писател. Прочитај повеќе...Цена: 240,00денНарачај -
Кон другата земја
Митко МаџунковМитко Маџунков во својот исклучителен роман плови со радарска точност низ столетијата и епохите откривајќи ја историската егзистенција на овој народ и осмислувајќи ги сите оние судбински нешта што ја прават оваа земја таква каква што е, кревајќи ја од приземноста кон небесата, од ништожноста кон ѕвездите. Прочитај повеќе...Цена: 400,00денНарачај -
Чудна средба
Митко МаџунковРасказите од Чудна средба почнуваат најчесто со многу детали, со уводни реченици чии средства на опишување, по својата исцрпност и прецизност, се дури блиски до една реалистичка школа. Но почетната опширност е само една стапица што ја готви оваа проза... Прочитај повеќе...Цена: 250,00ден Цена со попуст: 140,00денНарачај -
Дрвото на Нарајана
Митко МаџунковДа замислиме дека стоиме пред дело кое штотуку настанало. Знаеме дека е тоа средишниот дел на триптихонот; од едната негова страна се наоѓа меѓата на светот, од другата се протега пределот на парадоксалниот сон. И централниот дел и крилјата што го преклопуваат делото истовремено се и отворени и затворени. Она што ги исполнува може да се шири, но формата им е конечна. Прочитај повеќе...Цена: 200,00денНарачај -
Парадоксален сон
Митко МаџунковМитко Маџунков е прозаист со систем, со една своја прозна митологија, во која истовремено, на истото јазично-симболичко рамниште, суштествуваат реалиите од објективната стварност и рефлексиите од ноќната, ониричката страна на човековиот (писателовиот) живот, во која – натаму – наизменично се менуваат или проникнуваат симболот и алегоријата, реалниот податок и одблесокот на фантастичниот поттекст, парадоксот и еден естетски благотворен сигнал на параболата… Прочитај повеќе...Цена: 200,00денНарачај -
Грабнувањето на Европа
Митко МаџунковВо оваа книга се наоѓаат некои од најубавите кратки раскази на Митко Маџунков од сите негови творечки периоди, возбудливи дела со неминлива книжевна вредност. Прочитај повеќе...Цена: 200,00денНарачај