Јатките на загатките

Јатките на загатките

  • Автор: Тоде Илиевски
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-4569-65-7
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 111
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 150,00ден
150,00ден

Деновите низа нижат
ко вагони што се движат:
пролет, лето, есен, зима –
кружна пруга возот има!


Јатките на загатките е мала ризница од гатанки наменета за најмладите читатели во која еднакво ќе уживаат и возрасните. Тие го воведуваат детето во богатството на светот распостилајќи го пред него сиот раскош во форми, бои и мириси... 

Јатките на загатките е шарена кутија полна со виножита, снегулки, ѕвезди, бубамари, кокичиња, пингвини и крокодили... Од нејзините страници скокаат зајачиња, свират штурци на виолини, мирисаат липите и расцутените врби... Отворете ги нејзините корици и впловете во таинствениот свет на загатките и нивните одгатки!

 

 

Напишете ваш коментар