Асана, Пранамаја, Мудра, Бандха

Асана, Пранамаја, Мудра, Бандха

Цена: 500,00ден

500,00ден

Асана, Пранајама, Мудра, Бандха е  еден од најсистематските водичи за јога на денешнината. Од нејзиното прво објавување од страна на Бихарската школа за јога во 1969 г. препечатена е седумнаесет пати и преведена на многу јазици. Ова последно преработено издание е изготвено под водство на Свами Ниранјананда Сарасвати, наследникот на Свами Сатјананда Сарасвати. Тоа е најважната прирачна книга што се користи во центрите и школите за јога ширум светот како стандарден учебник за учителите и учениците.

Овој сеопфатен водич дава јасни илустрации, постапни упатства, и детали за познавањето на чакрите. Го води учителот или јогинот од наједноставните до најнапредните вежби на системот на хата јогата. Даден е и терапевтски индекс за доктори и јога-терапевти, што ги вклучува најновите информации од истражувањата во областа на јогата.

Асана, Пранајама, Мудра, Бандха е вистински водич за сите оние што трагаат по својата космичка димензија.  

Напишете ваш коментар