Јас и ти

Јас и ти

  • Автор: Кристан Хигинс
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4741-01-5
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 360
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: MK
Цена: 390,00ден
390,00ден

За љубов и брак треба двајца...

Една грешка во раните дваесетти години може да те научи на многу работи, еден катастрофален развод може да те натера никогаш повеќе да не веруваш во брак и вистинска љубов. Може дури и да те натера да станеш адвокат за разводи за да им помагаш на луѓето со слична судбина. Харпер Џејмс има работа во која е страшно добра, куќа на плажа која ја обожава и тип кој го посакува скоро секоја жена во градот. Да, добро, фатално скршеното срце ја прави ладна, крута и затворена, но вака барем никој не може да ја повреди. Таа сега знае дека бракот не се гради со љубов, туку со партнерство и разбирање, па не ѝ треба филмска љубов за да направи совршен план за животот. И нејзиниот план звучи солидно... сè додека нејзината полу сестра не ѝ соопштува дека ќе се мажи за братот на нејзиниот бивши маж. После толку долги безбедни години, Харпер на свадбата треба да го види човекот чија сама појава ѝ го превртува светот наопаку.


Ник Ловери е маж кој многу добро знае како да ги добие и задржи работите што ги сака во животот. Освен една. Љубовта на неговиот живот која многу одамна му се лизнала низ прсти. Како и да е, тој и Харпер се болна, античка историја. И покрај тоа што сè уште има чувства за неа, тој не може да ѝ прости за неверството со кое дошол и крајот на нивниот брак.

Напишете ваш коментар