Антологија на бразилскиот расказ

Антологија на бразилскиот расказ

  • Автор: Непознато
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300993
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 293
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 280,00ден
280,00ден
Во оваа прва антологија на бразилскиот расказ објавена на македонски јазик се вклучени великаните на бразилскиот краток расказ, жанр чиј зародиш го дава Мачадо де Асис кон средината на 19. ве к, а продолжува со некои од најзначајните литературни, па и политички фигури од не толку далечната историја на Бразил. Колонизацијата, угнетувањето и нееднаквостите се најчестите теми што го окупираат бразилското, па и вкупното латиноамериканско творештво во 19. век. Дваесеттиот век носи крупни промени во веќе независната монархија Бразил, и авторите во книжевното творештво ја истакнуваат тесната врска на бразилската литература со политичката клима во земјата. Триесеттите години на 20. век се одликуваат и со појавата на модернизмот и силните заложби на сите уметници да дадат свој придонес кон приближување на бразилската култура до контекстот на авангардната европска мисла, и токму во тој период се создава првата генерација на вистински независни автори – Жоао Гимараес Роса, Жорже Амадо, Кларис Лиспектор, кои, инспирирани од експерименталните техники на француските и американските творци, почнуваат да го истакнуваат латиноамериканското гледиште во прашања кои имаат универзален карактер. Антологијата ги вклучува најрепрезентативните имиња и претставува краток, но драгоцен водич низ бразилската литература.

Напишете ваш коментар