Амстердам

Амстердам

  • Автор: Јан Мекјуан
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-455-7
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 175
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 250,00ден
Цена со попуст: 180,00ден
Заштедувате: 70,00ден

Редовна цена: 250,00ден

Цена со попуст: 180,00ден

ДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА

Еден леден февруарски ден, двајца стари пријатели се среќаваат пред крематориумот, во множеството што се собрало да ѝ оддаде почит на Моли Лејн. И Клајв Линли и Вернон Халидеј некогаш биле нејзини љубовници, пред да се изборат за своите сегашни угледни положби (првиот е еден од најуспешните британски современи композитори, а вториот е главен уредник на дневниот весник Судија.) Моли имала и други љубовници, меѓу кои истакнато место заземал и Џулијан Гармони, министер за надворешни работи и закоравен десничар, со најголеми изгледи да стане претседател на владата. Но дури по нејзиниот погреб, судбината ќе им приреди најсериозни искушенија...

Овој роман, своевидна морална сага, претставува кулминација на прозното дело на Мекјуан. А зошто токму Амстердам? Расплетот што се случува во овој град претставува највозбудлив пресврт во оваа приказна преполна со изненадувања.

Напишете ваш коментар