Алекс

Алекс

  • Автор: Пјер Леметр
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-26-5
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 399
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 400,00ден
400,00ден

Во случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки. 
Но оваа девојка не е обична жртва.
И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира.
Детективот Верховен нема ништо важно за да ја води истрагата: нема осомничен, нема трага, а и неговата надеж полека исчезнува. Сè што знаат е дека крупен човек киднапирал девојка на улица во Париз и ја пикнал во бело комбе. Никој не знае кој е киднаперот, никој не знае која е девојката, никој не ја пријавува за исчезната со денови... Енигмата за судбината на Алекс ќе го прогонува Верховен сè до горкиот, ужасен крај. 
А нема да помине долго време пред спасувањето на нејзиниот живот да стане негов најмал проблем.
Со освојувањето на престижната награда Dagger за интернационален трилер, судиите рекоа: „Брилијантен трилер, напната трка помеѓу неколку паралелни приказни кои вџашуваат и шокираат кога најпосле се пресретнуваат. Оригинал и напнат крај кој ги надминува очекувањата.“

Напишете ваш коментар