Ако никој не зборува за скриени нешта

Ако никој не зборува за скриени нешта

  • Автор: Џон Мегрегор
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300542
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 254
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 280,00ден
280,00ден

На една улица во еден град на северот во Англија, сосема обични луѓе прават сосема нормални нешта – децата играат крикет, се бојадисуваат рамки на прозорци, се расправаат двојки, студенти се пакуваат, а безимени луѓе поминуваат еден покрај друг како секој друг ден, вплеткувајќи се, меѓутоа никогаш не поврзувајќи се вистински. Но, една ужасна случка го потресува мирот на летната вечер и сведоците на случката повеќе никогаш нема да останат исти. Иако во сенка на голема несреќа, внимателната проза на Мекгрегор е интензивна и восхитува со својата хипнотизерска моќ.

„Изобилува со проза како и со поезија... прекрасен роман, неочекуван, шокантен, потресувачки“. Тајмс

„Ова е воодушевувачки ракопис, придушен со восхит како во евоцираните нешта така и во јазикот што може да ги пресоздаде... Уверливоста на Мекгрегор ќе го однесе далеку“. ДЛС

„Мојата книга на годината. Магичен, фасцинантен, длабок роман“. Меги О’Фарел

Напишете ваш коментар