Издавачкиот центар ТРИ е основан на 23 ноевмри 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметна како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради неговата ориентација кон книгите што се најактуелни во светот. Денес ТРИ ја продолжува својата мисија – секогаш да биде во чекор со актуелните случувања на светската книжевна и културна сцена! Како свој приоритет си ја поставивме целта да ја направиме книжевноста достапна до сите  – за да ги прошириме хоризонтите, да се доближиме до светот, духовно да се збогатиме.

Книжевноста е една од оние уметности што успеваат, создавајќи нови светови, поинакви од нашите, да го направат светот барем за момент подобро место. Имагинарната реалност во книгите ја има способноста да нè доведе до катарза, за момент да избегаме од реалноста што нè опкружува и да се најдеме во еден поинаков, можеби храбар, можеби страшен, можеби смешен свет.  Затоа, ТРИ застана зад објавувањето на делата на оние автори што значат нешто во уметничкиот свет, чии дела донесоа длабоки промени и го размрдаа светот на книжевноста, па и светот воопшто. Настојуваме да направиме совршен спој помеѓу актуелните книжевни и филозофски струења, објавувајќи ги најмодерните и најсовремените автори од целиот свет, без разлика на јазикот, полот, родот, сексуалната или верската ориентација, и класичните, неодминливи ремек-дела на човековата мисла. Како ексклузивен застапник на монографските изданија „Ташен“ и „Тенеус“, ТРИ нуди цела палета на студии од областа на уметноста, филмот, архитектурата, фотографијата и уметноста на живеењето. А за да им го направи на своите читатели уживањето во книгите комплетно, ТРИ ја отвори и својата кафе-книжарница, каде што можете да уживате во добра книга, добро кафе и добра музика! ТРИ ви нуди поинаков начин на размислување, на живеење, на доживување на светот, еден сосема поинаков свет. Свет во кој сте поканети да влезете во кое било време, без најава, онакви какви што сте! Прочитај и рaскажи, прераскажи, подари, сè што сакаш, едноставно, ЧИТАЈ!

 

Книжарници:

Книжарница ТРИ (ГТЦ)
ГТЦ, прв кат
т. 02/3238-722
моб. 071268402
имеил: knizarnica@kniga.com.mk

Кафе-книжарница ТРИ (Дебар маало)
ул. Аминта Трети бр.33
т. 02/321 1640
моб. 075255453
имеил: knizarnicatri_dm@kniga.com.mk

 

Редакција:

Издавачки центар ТРИ
ул. Његошева 29а, Скопје          
тел: 02/3245-622
имеил: info@kniga.com.mk

ЕДБ: 4030999383158
ЕМБ: 5345847