2666

2666

  • Автор: Роберто Болањо
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-405-2
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 1075
  • Димензии: 140/230
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 790,00ден
790,00ден

Четворица книжевни критичари од Европа тргнуваат во потрага по исчезнатиот германски писател Бено фон Арчимболди, ѕвезда на светската книжевност и долгогодишен сериозен кандидат за Нобеловата награда. Нивната потрага по славниот романсиер кој се повлекува од јавниот живот ќе ги одведе до градот Санта Тереса во Мексико, каде што одеднаш почнуваат низа мистериозни убиства на жени. Откако судбините на ликовите се преплетуваат во петте дела на романот, се чини дека меѓу серискиот убиец во пустинскиот мексикански град и славниот германски писател постои неочекувана, иако не сосем сигурна врска.

Романот 2666 е напишан со едноставен а возбудлив јазик кој веднаш го плени читателот. Такво е и дејството, кое се развива во повеќе меѓусебно преплетени приказни што нема да ви дозволат да ја испуштите книгата од раце. Роберто Болањо веројатно е најзначајниот латиноамерикански писател по Маркес, а познат е како автор кој му става крај на магичниот реализам.

Негово клучно дело е токму гигантскиот роман 2666, кој не може да се дефинира и опише преку традиционалните книжевни жанрови и поетики бидејќи е едно од оние ретки оригинални дела кои ја редефинираат теоријата на книжевноста.

 

 

 

Напишете ваш коментар