×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ланзароте

Ланзароте

Мишел Уелбек


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Мишел Уелбек
ISBN: 9786082304410
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
280 ден.

Краткиот роман Ланзароте на водечкиот современ француски писател Мишел Уелбек е исклучително моќно дело напишано во познатиот остар и шокантен стил на авторот. Познавачите на неговото дело ќе забележат дека оваа новела е основата за популарниот роман Можноста на еден остров но таа секако може да се чита како автономно дело и како успешен литерарен експеримент на контроверзниот Уелбек.

Ланзароте е колоритен, динамичен и шокантен краток роман кој прави пародија на жанрот авантуристички роман и се обидува да ја долови бесмислата на нашето апокалиптично време. Дејството се случува на шпанскиот остров Ланзароте, позната туристичка локација каде што главните ликови се впуштаат во низа авантури, за да се соочат конечно со една чудна религиска секта која верува во крајот на светот. Без оглед на тоа дали ќе го наречеме сатира или своевиден опозит на „новата морална авангарда“, Ланзароте е одличен пример за невообичаените ставови на Уелбек во врска со проблемите кои ја опседнуваат епохата во која живееме.

Освен краткиот роман Ланзароте, оваа книга е збогатена и со неколку брилијантни раскази на Уелбек, во кои тој се занимава со темите што постојано го окупираат неговото дело, како што се книжевноста, сексот, смислата на животот, смртта и длабочината на отуѓувањето на современиот човек од неговата околина.

Мишел Уелбек

Мишел Уелбек

Види повеќе