×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Високите планини на Португалија

Високите планини на Португалија

Јан Мартел


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Јан Мартел
ISBN: 9786082304816
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
400 ден.

Во 1904 година во Лисабон еден млад човек по име Томаш открива дневник стар повеќе од два века. Дневникот го навестува постоењето на еден исклучителен артефакт кој може да ја редефинира историјата. Затоа Томаш тргнува да го бара ова чудно богатство со еден од првите автомобили произведени во Европа... По триесет и пет години еден патолог од Португалија опседнат со романите на Агата Кристи се наоѓа во центарот на една мистерија и на чудесен начин се соочува со последиците од потрагата на Томаш... По педесет години еден пензиониран сенатор од Канада тагувајќи поради загубата на својата сопруга оди во селото на своите предци во северна Португалија заедно со својот необичен придружник – едно шимпанзо. И тогаш потрагата која трае еден век и која е преполна со неочекувани пресврти – ќе дојде до својот крај.

Создаден од три приказни кои се преплетуваат, Високите Планини на Португалија е роман за авантури и потрага по богатство, приказна за духовите од минатото и современа бајка кој нуди одговори за тоа како луѓето се соочуваат со големата љубов и со длабоката тага. Полн со нежност, хумор, топлина и бескрајни изненадувања, романот го носи читателот на пат низ Португалија во минатиот век, но исто така и низ најнедостапните места на човековата душа.

„Јан Мартел е современиот мајстор на параболата. Повторно соочувајќи го читателот со необични луѓе и уште понеобични животни, Мартел раскажува приказни кои имаат скриени значења и филозофска длабочина.“ The New Yorker

„Новиот роман на Мартел е посветен на тагата - чувство кое го познава секој човек, а можеби и секое живо суштество на светот. За главните ликови во ова прекрасно дело, тагата станува авантура, основа на нивното животно патување.“ The New York Times

Јан Мартел

Јан Мартел

Види повеќе